Фицо за кандидатите за ЕУ: Има земји што се галат и такви што се клоцаат по задникот

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Србија е подготвена за членство во Европската унија, но политиката на двојни стандарди го забавува процесот, изјави премиерот на Словачка, Роберт Фицо во интервју за Радио-телевизија на Србија, наведувајќи дека искуството на неговата земја покажува дека е важно е да се носат одлуки во интерес на граѓаните, а не да се прават грешки кои некои земји ги правеле пред да влезат во ЕУ.

„Треба да се биде подготвен на фактот дека во Европската унија има двоен стандард. Значи, има земји што се галат, а има и земји што си клоцаат по задникот. Навистина не се согласувам со таа политика на двојни аршини, затоа што сам ја доживеав“, одговори Фицо на прашањето за целта Србија да ги исполни сите критериуми за прием во ЕУ до крајот на 2026 година и подготвеноста на Унијата да ја прими Србија во тоа време.

Фицо оцени дека Србија е земја „која не припаѓа на земјите што ќе бидат галени“.

„Бидејќи таа е суверена земја, таа го кажува своето мислење и е земја која го почитува територијалниот интегритет. Јас сум, се разбира, против признавањето на Косово, бидејќи не може некој така да дојде и да прогласи независност. Мислам дека Србија одамна е подготвена за влез во ЕУ, така што ова е политичко прашање“, изјави словачкиот премиер за РТС.

Слични содржини