Фидан: Македонија има посебно место за мене, турската заедница во земјава цврсто нè поврзува

од Nikola Popovski
50 прегледи

Турција силно ја поддржува Северна Македонија од нејзината независност и ќе продолжи да го прави тоа, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој е во официјална посета на земјата.

„Имавме интензивна агенда. Многу ја цениме соработката, пријателството и сојузништвото со Македонија. Разговаравме како можеме да ја подобриме оваа соработка. Како Турција го изразуваме нашиот интерес за потпишување на Биш – Стратешки совет за соработка. Турција има за цел да ја зголеми билатералната економска соработка на две милијарди и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме турските компании да инвестираат во земјата. Продолжуваме и со воена соработка, преку учество на заеднички вежби“, изјави Фидан по средбата со Муцунски.

Северна Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан и верувам дека отоманското наследство е важен дел од културното наследство на земјата и ќе продолжиме со соработката на ова поле.

„Турската заедница во земјава цврсто не поврзува, како Камениот мост во центарот на градот. Сакаме да има мир и стабилност на целиот Балкан и како Турција сме активно вклучени во тоа. Затоа, активно ќе ја зголемиме соработката со Северна Македонија“, нагласи Фидан.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и наш сојузник во НАТО. Денешната посета Муцунски ја оцени како важен момент во билатералните односи, како и прва посета на министер за надворешни работи за надворешни работи по преземањето на функцијата, како што нагласи, тоа е силна потврда за се посилното стратешко партнерство кое постојано расте.

„Традиционално добрите односи позитивно се одразуваат на економската соработка. Ние и Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносните и за регионалните прашања. Конкретно го информирав за нашиот пат на евроинтеграции, со посебен акцент дека предвидливоста е многу важна“, изјави Муцунски.

Од нејзината независност, нагласи Муцунски, нашата земја може да се потпре на Турција како наш пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки цели.

Слични содржини