Фидел Кастро: Не ни се потребни никакви подароци од САД

од desk3
82 прегледи

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро во денеска објавен авторскит текст покажа дека и натаму се противи на приближувањето меѓу Вашингтон и Хавана, нагласувајќи дека на неговата земја „не и се потребни никакви подароци од САД“, пренесуваат француските медиуми.

download

Медиумите на островот наведуваат дека 89-годишната икона на кубанската револуција не беше видена во текот на минатонеделанта историска посета на американскиот претседател Барак Обама на комунистичкиот остров, што беше претставена како напор за зацврстување на нормализацијата на билатералните односи./MИА