ФИФА бара од Катар да ги олесни условите за посета на Светското во 2022 година

од Vladimir Zorba

ФИФА преговара со катарските власти за олеснување на условите за задолжителна вакцинација за време на Светското првенство следната година, објави АП.

Премиерот на Катар, шеикот Калид бин Калифа Ал Тани во јуни објави дека секој поддржувач кој сака да присуствува на Светското првенство во 2022 година треба да биде целосно вакциниран против коронавирусот, но се уште не е јасно какви ќе бидат правилата за играчите.

ФИФА и властите во Катар разговараат за барањата да има опција за навивачите, играчите и официјалните лица да презентираат документ за прележан КОВИД-19, како и негативен ПЦР-тест.

Слични содржини