9
ФИФА ги казни шпанските клубови Мајорка и Рајо Ваљекано со забрана за ангажман на играчи во следните три преодни рока, пренесe „Марка“.
ФИФА на 9 јануари на својата веб-страница ги објави имињата на клубовите кои беа казнети поради неподмирени долгови кон „трето лице“, но двата шпански клуба сметаат дека тоа е административна грешка бидејќи веќе немаат никакви спорови.
„Тоа е административно прашање кое е веќе решено, информацијата не е точна“, изјавија за „Марка“ од Мајорка.
И Рајо Ваљекано увери дека немаат нерешен спор и дека објавата на веб-страницата на ФИФА ја сметаат за „административна грешка“.