ФИФА ги смени датумите за Светското клупско првенство

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

ФИФА го одложи Светското клупско првенство во Катар од декември за февруари.

Причината е што многу континентални клупски шампионати сè уште не се завршени, а последното од сите ќе биде завршено во јануари 2021 година.

Затоа, Светското клупско првенство ќе се игра од 1 до 11 февруари.

Европски претставник следната година ќе биде Баерн Минхен, кој ја освои Лигата на шампионите, а бранител на титулата е англиски Ливерпул.

ФИФА исто така објави дека Светското првенство за фудбалери до 20 и 17 години нема да се одржи оваа година.

Слични содржини