ФИФА го одби барањето на Зеленски да се обрати до гледачите пред да започне финалето на СП

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

ФИФА го одби барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски да испрати порака до гледачите за важноста на мирот во светот пред да започне финалето на Светското првенство во недела.

Неименуван извор изјави за Си-Ен-Ен дека канцеларијата на Зеленски понудила украинскиот претседател да им се обрати на навивачите во Катар преку видео-врска, но дека предлогот бил одбиен. Засега не се знае дали пораката на Зеленски требало да биде емитувана во живо или снимена претходно.

„Мислевме дека ФИФА сака да ја искористи својата платформа за општо добро. Но, треба да се забележи дека преговорите меѓу Украина и управното тело на ФИФА се уште се во тек“, додаде изворот.

Ова малку необично барање не е изненадувачки во однос на украинската политика. Киев постојано се обидуваше да ги искористи големите светски настани, без разлика на нивната содржина, за да го привлече вниманието на војната во Украина.

Зеленски се појави преку видео врска во неколку различни ситуации; од самитот на Г20 до Греми и Канскиот филмски фестивал. Тој разговараше и со голем број новинари и познати личности, меѓу кои и актерот Шон Пен и американскиот телевизиски водител Дејвид Летерман.

Слични содржини