ФИФА ќе прекинува натпревари поради расизам

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Светската фудбалска централа (ФИФА) ја продолжува борбата против расизмот во фудбалот, со преземање дополнителни мерки кои би можеле да доведат до прекин на натпреварите.

Натпреварите може да се прекинат доколку судијата забележи расистичка навреда од играч или ако некој играч се пожали на такво нешто.

На 74-от конгрес на ФИФА во Бангкок, беше донесена историска одлука да се одобри и преземе колективна одговорност за Глобалната позиција против расизмот во фудбалот.

Станува збор за правила и санкции кои треба да се воведат во сите национални здруженија.

Постапката треба да изгледа вака:

Чекор 1 – судијата ја прекинува играта и покажува антирасистички гест со раката (рацете прекрстени пред градите)

Чекор 2 – ако проблемот продолжи, судијата ги испраќа тимовите во соблекувалните

Чекор 3 – ако, по заминувањето на тимовите и продолжувањето на натпреварот, расистичкото однесување продолжи, судијата трајно го прекратува натпреварот.

Слични содржини