ФИФА може да исфрли селекција од СП: Објавени докази за фалсификат

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

ФИФА ќе мора да го разгледа случајот со Бајрон Кастиљо, а потенцијално и настапот на Еквадор на Светското првенство.

Фудбалскиот сојуз на Чиле побара истрага од ФИФА за настапот на Бајрон Кастиљо за оваа селекција бидејќи тврдат дека десниот бек не е роден во Еквадор, туку во Колумбија.

Тоа не е единствениот проблем со неговиот извод од матична книга на родените бидејќи постои тврдење дека не е роден 1998 година, туку три години порано.

„Според достапните информации и документи, сметаме дека изнесените факти се многу сериозни и дека ФИФА мора внимателно да ги истражи. Истрагата спроведена во Еквадор утврди дека има неправилности во изводот од матичната книга на родените што го доставил играчот, а Националната дирекција од граѓанскиот регистар соопштија дека овој документ не постои во нивните архиви и укажаа на други слабости во документот што укажува дека се работи за фалсификат“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Чиле.

Чилеанците се решија на овој потег затоа што квалификациите ги завршија на седмото место, додека петтото и шестото место им припадна на квалификациите.

Сепак, овие наводи набрзо беа отфрлени. Потоа сè уште еднаш го замати британскиот „Дејли мејл“, кој дошол до документи и аудио снимки од пред четири години, на кои наводно се слуша Кастиљо како признава дека ги фалсификувал документите во договор со првиот човек на сојузот.

Тој потврдил дека е роден 1995 година во Колумбија, а изјави и дека во фалсификувањето му помогнал Марко Замбрано, сопственик на еквадорски клуб и познат бизнисмен на оваа земја.

Кастиљо досега има осум настапи за Еквадор, кој заврши на четвртото место во јужноамериканските квалификации.

На Мундијалот требаше да се натпреваруваат во групата А со Катар, Сенегал и Холандија, но дали ќе биде така останува да се види.

Слични содржини