Откако Леон беше исклучен од пилот верзијата на реформираното Светско клупско првенство, ФИФА брзо тргна да ја пополни празнината и да најде нов учесник за турнирот во САД. Конечниот клуб ќе биде одреден со плејоф натпревар помеѓу Клуб Америка и ЛАФЦ.
Мексиканскиот клуб беше исфрлен од натпреварувањето поради „семејни односи“ со друг учесник во првенството. Пачука и Леон го делат истиот сопственик, поради што еден тим мораше да отпадне. Меѓународната фудбалска федерација одлучи две селекции од американскиот континент да се борат за последното место. Едниот е претставник од МЛС, додека другиот е од Мексико.
Победникот од плеј-офот ќе се пласира во групата Ц, во која се Челси (Англија), Фламенго (Бразил) и Есперанс (Тунис). Турнирот се одржува во повеќе градови низ САД, а ќе трае од 14 јуни до 13 јули.