ФИФА објави ново правило кое ќе предизвика неочекувани проблеми за бројни клубови

од Nikola Popovski
4 прегледи

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и претставниците на фудбалерите постигнаа договор за минималните стандарди за одмор, но глобалниот Синдикт на фудбалери „ФифПро“ не учествуваше во дискусиите.

ФИФА објави дека е постигнат договор за 72-часовен период за одмор помеѓу натпреварите и дека играчите ќе имаат најмалку 21 ден одмор на крајот од секоја сезона. Сепак, од „ФифПро“ изјавиле за Би-Би-Си дека не биле поканети на тој состанок.

Од фИФА соопштиле дека „разговорите биле прогресивни и дека здравјето на фудбалерите е приоритет“.

„Постои договор дека играчите мора да имаат најмалку 72 часа одмор помеѓу натпреварите и дека играчите мора да имаат 21 ден одмор на крајот од секоја сезона“, се вели во соопштението. Сепак, ФИФА не посочи како ова ќе функционира во пракса.

Имено, некои клубови играат натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига во четврток, а натпревари од домашните првенства во недела. Во строго почитување на новиот договор, тие натпревари ќе мора да се преместат во понеделник.

Глобалниот Синдикат на фудбалери соопшти дека не бил поканет на состанокот, истакнале од „BBC Sport“.

„Ниту еден функционер на ФифПро, кој претставува 66.000 фудбалери ширум светот или на Здружението на професионални фудбалери, кое ги претставува играчите во Англија и Велс, не беше присутен на состанокот“, се вели во соопштението.

ФифПро бара најмалку четири недели одмор за играчите, додека ФИФА изјави дека играчите треба да имаат тринеделна пауза.

ФифПро и Синдикатите на играчи на Англија и Франција поднесоа жалба против ФИФА до Европската унија во јуни 2024 година, тврдејќи дека ФИФА ја злоупотребила својата доминантна позиција и ги прекршила правилата на европското натпреварување со проширување на календарот на натпревари со проширување на Светското првенство на ФИФА и воведување на Светското клупско првенство.

Слични содржини