ФИФА во контакт со ВАДА околу одлуката за суспензија на Русија од Мундијалот во 2022 година

од Aleksandar Petrovski

Светската фудбалска федерација одговори на барање во врска со денешната одлука на ВАДА, со која се суспендирани руските спортисти да учествуваат на Олимпијадите и Светското првенство во наредните четири години.

Во исто време, ВАДА забележува дека на „чистите“ спортисти ќе им биде дозволено да се натпреваруваат под неутрално знаме.

– ФИФА ја забележа одлуката донесена денес од Извршниот комитет ВАДА. ФИФА е во контакт со ВАДА и Здружението на меѓународни олимписки федерации на летни спортови (АСОИФ) со цел да се разјасни ефектот на одлуката во врска со фудбалот, е ставот на ФИФА по ново настанатата ситуација со суспензија на руските спортисти.

Слични содржини