Фигурата на Трамп исфрлена од Мадам Тисо во Берлин

од Vladimir Zorba

Восочниот музеј „Мадам Тисо“ во Берлин ја отстрани фигурата на Доналд Трамп „како подготвителна мерка пред претседателските избори во САД“.

Сепак, фигурата на претходникот на Трамп, Барак Обама, кој ја сметаше германската канцеларка Ангела Меркел меѓу неговите најблиски сојузници, остана на своето место, блескава и разубавена, пишува Ројтерс.

„Денешниот потег е првенствено симболичен во пресрет на изборите во САД. Ние ја отстранивме восочната фигура на Доналд Трамп во Мадам Тисо во Берлин како подготвителна мерка“, рече управителот на музејот.

Во изборната трка, Трамп заостанува зад конкурентот Џо Бајден на националните анкети, делумно поради мислењето дека не реагирал добро на пандемијата на коронавирус.

Меѓутоа, неодамнешните анкети покажуваат дека тој успеа да поврати одредена поддршка во неколку клучни земји.

На изложбата на Мадам Тисо има и поранешни американски претседатели, па без оглед на резултатот од изборите, отстранетата фигура на Трамп најверојатно наскоро ќе се врати во музејот, јавува британската агенција.

Слични содржини