Очекувано, откако не успеаја ниту Хан ниту Бејли (читај ЕУ и САД ) , најмалку што се очекуваше дека извонредниот медијатор Питер Ванхауте ќе успее да ги убеди преговарачите да прифатат да не запрат преговорите. Всушност тие на преговарачката маса и немаат дилеми дека не решаваат тие, туку Никола Груевски и Зоран Заев се оние кои ги делат задачите. Тоа оди и преку СМС . Пораките се кратки и јасни: НЕ , Не ПРИФАТЛИВО, ВЛЕЧИ. ОПСТРУИРАЈ, БЛОКИРАЈ, ПРЕДОГОВАРАЈ, барај ПЛУС, Толкувај по свои и Чекај следно УПАТСТВО….

Таа клима ја виде еврокомесарот Јоханес ХАН уште со пристигнувањето и верјатно поради тоа по првите разговори изјавил- „Со вакви- Па јас нема што да барам тука“. Американскиот амбасадор Џес Бејли изгледа многу порано свати и немаше зошто да троши време до доцна во ноќта и си замина со време. Нкола Груевски и Заев останаа последни. Другите и не беа потребни затоа што и без тоа немаат личен став туку кој последен зборувал со нив, дали Мартин Протуѓер или амбасадорите така и ги соопштуваа „позиции на Албанците“.
Клучните, лидерите се далеку од доближување. Ванхојте и Хан бараа одгвоор само на една работа на петте точки од законот за влада, ништо друго. Се бараше модел како законски ќе функционира новата преодна влада, односно министрите од опозицијата ќе бидат марионетки, демек ги има , или ќе бидат министри кои ќе контролираат и ќе носат одлуки.
Договорот од 15 Јули кој го потпишаа Заев и Груевски во Пржино се вели дека :
….„Овие заменици-министри ќе имаат полно право на контрола, преглед и вето во нивните министерства во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите. Сите нови министри и заменици-министри ќе останат на своите позиции во новата влада“.
Сега секој оди на своја интерперентација и преку мегафоните ја шибаат вината врз другите.
Како и да е договорот доживеа фијаско. Сега на ред се главните, оние кои ги молиме да влеземе во нивно друштво во ЕУ и НАТО. Сега како што ќе речат патриотите „странците“ се на ред , бидејќи ние ги влечеме ние ги прашуваме и сакаме во друѓтво исонив и стандардите на ЕУ да ни соопштат дали ќе ни ја земат препораката за ЕУ за пристапани преговори , или ќе одат на директна излолација и девалвација на виновниците.Трето нема.
На сцена со поактивна улога веројатно ќе настапат и амбасадорите на САД Џес Бејли и ЕУ Аиво Орав, колку да не потсетат дека тие не бис е мешале ако ние не сакаме евроопски стандарди, а ако сакаме да влеземе и во ЕУ и НАТО има правила и правилата се јасни и напишани, земи или оди си. Редоследноста или другото сценарио за решение на македонската криза секако дека ќе биде активирано.
Тимот на Хан што го предводи Питер Ванхоуте останува во Скопје, но и тој вели дека не може да им ја заврши работата на политичарите, туку тие треба да покажат лидерство. Денеска тој ќе има средба со медиумската заедница , за таа горлива тема која ја убива вистината и информирањето а со тоа ја храни македонската криза.
Остануваат уште ракциите на Јавноста! На вистинската не онаа киднапираната и спинуваната. Таа ќе мора да си даде одговор, ни требаат странциве за медијација и преговори или треба сами да се испотепаме и кој е посилен тој да биде главен.Ќе мора да реши ни треба Европа и светските стандарди или криминални банди која ќе глумат политичка елита и ќе го цедат овој народот кој остана без младите кои онака веќе му избегаа затоа што сватија дека без европски стандарди нема иднина.
А да и едно клучно прашање останува неодоговорено, рокови нема а избори кога? Или уште попрецизно избори како?