Фил Фоден се врати во тренинг кампот на репрезентацијата

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден денеска ќе се врати во Германија, откако отпатува во Велика Британија на раѓање на дете, јави Би-Би-Си.

Фоден (24) вчера го напушти кампот на репрезентацијата поради, како што соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), „итни семејни причини“. Британските медиуми пренесуваат дека англискиот фудбалер отпатувал во Велика Британија за да присуствува на раѓањето на своето трето дете.

Би-би-си пренесува дека Фоден до крајот на денот ќе пристигне во кампот на репрезентацијата на Англија, а утре треба да тренира со соиграчите. Фоден ги започна сите три натпревари кои Англија ги одигра во групата Ц на Европското првенство во Германија.

За Англија дебитираше во 2020 година, а за националниот тим досега одигра 37 натпревари. Фудбалската репрезентација на Англија го освои првото место во групата Ц со пет бода.

Фудбалерите на Англија ќе играат во осминафиналето на ЕП против Словачка.

Овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот во Велтинс Арената во Гелзенкирхен.

Слични содржини