Филети ослич во пикантен сос

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Риба во лут сос оди добро со тестенини или ориз.

Состојки:

– 500 гр филе ослич

– 2 лажици брашно

– 800 гр варени домати

– 3 главици кромид

– 3 чешниња лук

– 3 лажици маслиново масло

– една лажица соја сос

– една лажица чили сос

– малку шеќер

Подготовка:

Измијте ја и исушете ја рибата. Исечете ја на 4 парчиња и валкајте го во брашно.

Загрејте го маслото во тава, ставете ги филетите и пржете по пет минути од секоја страна.

Извадете ги и чувајте ги на топло.

Кромидот и лукот се сечкаат ситно, па се пржат една минута во маслиново масло.

Додадете домати, соја сос и чили сос и шеќер, а потоа гответе пет минути.

Готовиот сос прелијте го врз испржените филети и послужете со варен ориз, зеленчук или тестенини.

Слични содржини