Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира преку својот Фејбук министерот за здравство Венко Филипче.
-Вкупно се аплицирани 1.518.087 дози вакцини, а ревакцинирани се 729.794 граѓани, трета доза вкупно примиле 235 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.162 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 994 граѓани.Трета доза вакцина вчера примиле 54 граѓани.47,2% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина 43,6% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини.38% од вкупното население е има примено една доза вакцина.35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини.
53% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, напиша на Фејбук Филипче.