Филипче: 70% од новозаразените се луѓе што патувале или доаѓаат од европските земји

од Nikola Popovski
266 прегледи

70% од новите случаи со Ковид-19 се луѓе што патувале или доаѓаат од европските земји. Мораме да се вакцинираме за да се вратат нормални функции на животот. Нема логика сега кога ги имаме вакцините да ги враќаме рестриктивните мерки, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче за ТВ Телма.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.

– Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.

Според него, здравствениот систем е целосно спремен, како и дека продолжуваат со интензивната вакцинација.

-Ги следиме трендовите и бројките и врз основа на нив можеме да реагираме. Размислуваме за потврда за вакцинација или негативни ПЦР тестови на масовните собири, информира Филипче.

Слични содржини