Филипче: Ако се воведе карантин во одредени општини тоа ќе биде по примерот на Дебар

од Берта Китинска
167 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека  повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа го анализирале денеска на состанок на Комисијата за заразни болести  и ќе ја следат будно состојбата во наредните денови. Засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром  каде има поголема концентрација на нови заразени од  периодот на строгите рестриктивни мерки. Половина од 52 новозаразени (односно 26) во изминатите 24 часа се од Скопје.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање.

Нагласи дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и, како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.

Нема да брзаме со донесувањето на одлуката се ќе зависи од бројот на заразени, ако се воведе карантин за одредените општини тоа ќе биде по примерот на Дебар, изјави Филипче.

Слични содржини