Филипче: Апелирам на трпение и разбирање, ќе има вакцини за сите

од Берта Китинска
210 прегледи

Интересот за вакцинација е зголемен, апелирам на трпение и разбирање, ќе има вакцини за сите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Ова е планот за почетокот на имунизација и започнавме со 800 до 700 вакцинации на ден, а сега во другите пунктови имаме и до 1500 вакцинирани лица на дневно ниво. Тука во салта „Борис Трајковски“ во моментов имаме помалку од 2000 лица. Се надевам дека ќе има повеќе заинтересираност и пред одморите и кога ќе пристигнат поголеми количини. Има многу барања за вакцинација од страна на критичните групи засега остануваме на ставот дека треба да одиме по возраста. Апелирам на трпение и разбирање, вакцини ќе има за сите, изјави Филипче.

Слични содржини