Филипче: Апелирам Св. Никола да не се прославува со традиционални собири

193 прегледи

Сите граѓани треба да му помогнат на здравствениот систем за време на претстојните празници, иако се намалува бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид 19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, апелираше да не се прославува денешниот празник, Св. Никола без традиционални собири.

„Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници“, посочи министерот.

Слични содржини