Филипче: Апсолутно демантирам скандал врзан со набавката на вакцините од Кина

378 прегледи

Откако Министерството за надворешни работи на Кина упатило допис до македонското МНР дека треба да се следи друг канал за набавка на вакцините, истиот канал бил променет, а ова го потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за Канал 5.

„Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Во однос на конкретниот случај после добиените дозволи од кинеското Министерство за здравство укажаа од кинеското Министерство за надворешни работи дека треба да се следи друг канал за набавка и тоа го послушавме и го направивме и затоа сега на некој начин се одолговлече тој процес, затоа се врати уплатата“, потенцираше Филипче.

Слични содржини