Филипче: АстраЗенека ќе се чува во наши фрижидери на температура од 2 до 8 степени

од Nikola Popovski
322 прегледи

На скопскиот аеродром, првата пратка со вакцини преку Ковакс-механизмот ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче, странски амбасадори, како и претставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН. Тој најави дека први за вакцинација ќе бидат околу 20.000 граѓани со над 75 години, кои што веќе се пријавени и кои имаат хронични болести.

„Во април ќе стигнат до вкупно 100.000 дози од истиот производител, што значи дополнителни 76.000 дози“, рече Филипче, додавајќи дека вакцинацијата ќе се спроведува во вакциналните пунктови низ земјава.

„Вакцините кои се произведени во Кореја, ќе се чуваат во наши фрижидери, на здравствените домови на температура од 2 до 8 степени. Буквално во секој град може да се чува и да се дистрибуира понатаму“, потенцира Филипче.

 

 

Слични содржини