210
„Вакцинацијата со Фајзер почнува во февруари со првите 5850 дози, во март ќе пристигнат 17550 дози и во април најмалку исто 17550 дози, затоа што самата компанија планира зголемување на обемот на производство. До крајот на 2021 година обезбедивме вкупно 800.000 дози од нивната вакцина“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Канал 5 ТВ.
Тој додаде дека од Ковакс-системот очекуваме околу 833.000 дози и се уште се чека точен термин за тоа кога ќе пристигнат.
„Денес Австрија покажа спремност како Бугарија, Полска и Грција, да отстапи одреден процент од нивните вакцини. Попладнево треба да имаме разговор со нивниот ресорен министер околу ова прашање“, потенцира Филипче.