Филипче бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието

од Nikola Popovski
14 прегледи

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче по најавите на премиерот Христијан Мицкоски за иницијативата за гласање интерпелација на членовите на Судскиот совет.

Според Филипче, СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието.

-Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителен сегмент.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери, додава претседателот на најголемата опозициска партија.

Слични содржини