Филипче бара свикување седница за како понатаму по европскиот пат

од Nikola Popovski
20 прегледи

Не гледам желба кај Владата да продолжи по зацртаниот пат утврден со Преговарачката рамка со ЕУ. Премиерот има обврска да го каже планот како ќе продолжат. Размислуваат ли може за некој друг сојуз, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „Клик плус“.

Според пратеникот и претседател на СДСМ, Преговарачката рамка не е повеќе билатерално прашање со Бугарија.

-Владата треба да го каже планот. Го повикуваме (премиерот) да закаже затворена седница како по тој пат понатаму. Што поскоро да ја информираме јавноста… Доколку не, ние како СДСМ ќе иницираме свикување таква затворена седница каде треба ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес.

Очигледно дека Унгарија не може да помогне повеќе. Нудат помош, а само неколку часа претходно амбасадорот на Орбан во Министерскиот совет на Европа гласа за одвојување на Македонија од Албанија, кажа меѓу другото Филипче во емисијата.

Според него, ќе останеме во друштво на БиХ, Украина и Молдавија, доколку го „пропуштиме овој воз“.

Слични содржини