Филипче: Би било комплетно несериозно ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран

од Берта Китинска
395 прегледи

Би било комплетно несериозно и медицински неоправдано ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран. Имајќи го сегашното искуство паралелно работиме на подготовка на целиот здравствен систем за евентуален втор бран, изајви министерот за здрвство, Венко Филипче во своето интервју за Независен.

Тој вели дека вториот пик на заразата е нешто на што укажуваат, историски гледано, голем број претходни епидемии.

-Како и сите респираторни вируси, и за овој предвидувањата се дека во летните месеци можеби ќе исчезне, но апсолутно не е исклучено повторно да се појави на есен. И ова не се само наши согледувања, туку и согледувања во светски рамки, а тоа дефинитивно треба да нѐ одржи во состојба на подготвеност. Сметам дека во овој прв налет, и покрај многуте непознати за овој вирус, ние многу успешно се справивме со состојбата, благодарение на искуството и експертизата на нашите епидемиолози, вирусолози, инфектолози и целокупниот медицински персонал. Нам не ни се случија црните сценарија со кои се соочија некои земји, во смисла на преоптовареност на здравствениот систем. Ние го оптмизиравме здравството и од аспект на капацитети и од аспект на персонал. Би било комплетно несериозно и медицински неоправдано ако не го прифатиме фактот за можниот втор бран. И гледано од тој аспект, ние сега постепено ќе го вратиме здравствениот систем во еден нормален тек, граѓаните имаат потреба од редовните здравствени услуги и ние мора да одговориме на тоа. Имајќи го сегашното искуство паралелно работиме на подготовка на целиот задравствен систем за евентуален втор бран, изјави Филипче.

Слични содржини