291
„По повод Светскиот ден на акушерките сакам да се заблагодарам за придонесот и посветеноста за работата која ја извршувате и во текот на пандемијата“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, грижата на акушерките за пациентите е од голема важност, а особено отежната при процесот на спроведување на протоколите за заштита од коронавирусот.
„На УК за Гинекологија и акушерство се лекуваат и породуваат трудници позитивни на вирусот под предвидените протоколи и знаеме дека работењето во вакви услови е специфично. Благодарение на вас, врвната нега која неуморно ја давате во текот на пандемијата се одвива во континуитет во изминатиот период“, стои во објавата на Филипче.