Филипче: Благодарност до колегите кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче упати благодарност до лекарскиот тим кој ја изврши четвртата трансплантацијата на срце.

-Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија предводени од проф. Сашко Јовев и од приватната болница Жан Митрев, предводени од академик Митрев, како и анестезиолозите од КАРИЛ на чело со др Маја Мојсова, Националниот координатор за трансплантација. Благодарност до колегите од сите клиники кои оваа долга ноќ работеа заедно со неверојатна посветеност. Здравствените работници се пример за тимска работа и соработка. За само една година имаме четири трансплантации што е неверојатен успех за македонското здравство, напиша Филипче на Фесјбук.

Слични содржини