Филипче: Болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти, нагласи миинистерот за здравство Венко Филипче денеска во Бутел, каде изврши увид на градежните работи на новата амбуланта.

Посочи дека се прави увид на амбулантите на територија на град Скопје и оти се врши замена на сите амбуланти и поликлиники коишто се стари. Опфатени се 10 објекти.

– Приоритет согласно состојбата дадовме тука во Бутел, во исто време паралелно и во Ново Лисиче. Продолжуваме во Ѓорче Петров и понатаму во следните циклуси во Влае, во Карпош, во Автокоманда, во Аеродром и за првпат населбата Кисела Вода добива еден нов објект каде што ќе бидат сместени лекари за граѓаните од таа населба, рече Филипче.

Локацијата на споментатите амбуланти нема да се менува, освен во Кисела Вода.

Прашан зошто во случајот со амбулантата во Бутел се оди на монтажна варијанта, Филипче рече дека тој модел се покажал како добар и оти на тој принцип се изградени и ковид одделенијата во земјава.

– Моделот е брз и ефикасен. Не постои друг модел за којшто 10 објекти ќе се направат за помалку од седум или осум месеци. Не може граѓаните веќе да чекаат и не е фер да чекаат нешто што навистина заслужуваат да го имаат. Градбите цврсти траат многу долго, многу се поскапи од ова, а ова се и енергетски ефикасни модели, рече Филипче.

Слични содржини