Филипче: Бројот на активни ковид-случаи е намален за 46 проценти

од Nikola Popovski
195 прегледи

„Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата“, објави денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, согласно извештаите на ИЈЗ, бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати.

„Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава. Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот“, објави министерот.

 

Слични содржини