Филипче: Буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари

од Nikola Popovski
387 прегледи

Од исклучителна важност е успешното партнерството помеѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, направени се предлог-измени на Законот за здравствена заштита и за активно учество на граѓанскиот сектор во превенција на ХИВ.

-Буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари. Со овие средстава обезбедена е антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ, како и за мерките за превенција што ги спроведуваат Здруженијата, истакна Филипче.

Околу 500 лица живееле со ХИВ во Македонија на крајот на 2020 г., а од нив едно во три лица не е свесно дека го има вирусот. Ова го покажува анализата што ја спроведе Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ од Скопје во соработка со експерти од земјава и од надвор, според методологија на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC).

Слични содржини