Филипче: Да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот бран

од Берта Китинска
332 прегледи

На состанокот кој утрово го одржавме заедно со директорите на клиниките дискутиравме за повеќе аспекти поврзани со менаџирањето на состојбата за пациентите заболени со Ковид 19 вирусот, а кои имаат потреба од клинички третман, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС. Во моментов се прави менаџирање на здравствен персонал според потребите на клиниките. Многу е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот еппидемиолошки бран, а тоа можеме да го направиме единствено со вакцинација. Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес. Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет, соопшти министерот.

Слични содржини