Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче вечерва од Велес изјави дека во услови на пандемија, која зема замав, владеачката партија воведе превентивни и рестриктивни мерки, се со цел да го заштити секој еден граѓанин и јавното здравје.
-Се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на коронавирусот и само преку масовна имунизација, најсигурно можеме да ставиме крај на пандемијата. Вакцинацијата на територијата на целата држава тече непречено. Во изминатиот период бележиме и најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и во периодот кој следи. Ве повикувам да им помогнеме на здравствените работници и на здравствениот систем. Да се вакцинираме, да покажеме пример, да покажеме одговорност кон себе и другите. Вакцините се безбедни, го подигнуваат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања на вирусот. Ова е единствен начин да успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање, рече Филипче.