Филипче: Делта сојот има висока преносливост, само вакцинирани може да бидеме заштитени

од Берта Китинска
166 прегледи

Само вакцинирани може да бидеме заштитени од новите соеви на вирусот, пишува на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Сите стручни светски анализи покажуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни да не заштита од развој на тешка форма на болеста. Делта (индиски) сојот е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока преносливост, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат. Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде, пишува Филипче.

Слични содржини