215
Тим од Детската клиника денеска оди во Гевгелија каде заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле 50 – тина деца и бебиња во овој град, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Бидејќи се уште нема детали ниту за каква инфекција се работи, ниту индиции што би можело да ја предизвика. Тестовите за ковид-19 кај децата биле негативни, а нема пријавени вакви случаи во други градови. Во моментов во болницата се хоспитализирани само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, рече министерот за здравство Венко Филипче.