Филипче до Мицкоски: Нема да дозволиме поставувања по системот „Ало началниче“

од Nikola Popovski
58 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека направиле криминал и незаконски поставиле директор на АНБ и затоа така се однесуваа во текот на вчерашниот ден, односно ако немаа што да скријат, надзорната Комисија во Собранието можеше редовно да заседава и директорот да одговори на сите прашања, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче за вчерашната прекината седница на комисиската расправа за назначувањето на Бојан Христовски.

Лидерот на СДСМ му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека како партија нема да дозволат „да поставува по системот ‘Ало началниче’“ во безбедносните и полициските структури.

Филипче очекува ОЈО да го расчисти случајот и истовремено праша: „Во која постапка, на кој начин и со кои документи Бојан Христовски е избран за асистент на Факултетот за безбедност“.

За инцидентот со пратеникот Драган Ковачки и новинарката од СДК, Соња Делевска, Филипче на прес-конференција им даде поддршка на новинарите за да се борат за своите права и слобода и рече дека „може да сметаат на нивната поддршка во било кој момент“. Според него, ВМРО-ДПМНЕ воведува „веројатно дискретен, а во следниот период и многу поактивен систем на елиминирање на слободата на изразување на новинарите, согласно искуството од претходното владееење до 2016 година“.

-На премиерот и ВМРО-ДПМНЕ им порачувам дека тој систем го решивме еднаш, ќе го решиме и втор пат, кажа Филипче во присуство на пратеничката група од неговата партија.

Слични содржини