Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во наредните денови најверојатно ќе се сретне со неговиот наследник Беким Сали кој доаѓа на оваа позиција по договорот со Алтернатива.
„Со Беким Сали не се познавам лично, но сакам да иницирам состанок и тоа ќе се случи најверојатно во следните денови. Мојата порака до Сали е да биде транспарентен и секогаш достапен за медиумите“, рече Филипче.