Филипче до Спиропали: Актуелната власт не презема конкретни чекори за забрзување на процесот на евроинтеграција

од Nikola Popovski
20 прегледи

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со Претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

На средбата се разговараше за добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави.

Филипче и Спиропали, се согласија дека Северна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави.

Во тој контекст, претседателот Филипче посочи дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.

„Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата“, рече Филипче.

На средбата беше потврдена досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.

Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти.

Слични содржини