„Во изминатата година за време на пандемијата се реализираа 800 крводарителски акции и се обезбедија 55.000 единици на крв, тромбоцитна маса и она што беше важно и спаси многу животи – ковалесцентната плазма“, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил по повод благодарницата што ја доби од „Црвениот крст“.
Тој наведе дека благодарение на крводарителството во ниту еден момент не беа загрозени изведувањата на интервенциите.
„Црвениот крст е еден од најсериозните партнери кои ги имаме во текот на менаџирањето на оваа криза, како во делот на крводарителството, така и во делот на волонтерските акции и одржување на нашиот систем во ковид центрите. Денешната благодарница која ја добив од нив ми е многу драга и е признание за добрата соработка и цврстото партнерство кое го негуваме“, додаде Филипче.