Филипче: Додека сите не се вакцинираме ова нема да престане и тоа е единствениот спас

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Граѓаните мора да знаат дека додека сите не се вакцинираме ова нема да престане и тоа е единствениот спас. Има јасни препораки дека природниот имунитет после прележување на болеста со тек на време се намалува и вакциналниот е оној кој што е потраен, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Овие препораки на релевантни институции кои потекнуваат од медицински студии, продолжува тој, одат до тоа да за што пократко време луѓето се имунизираат.

– Точно е дека има студии кои укажуваат дека граѓаните имаат имунитет и после 5,6 месеци од прележаната болест меѓутоа природниот имунитет се намалува. Мора да се вакцинираме за да спречиме следни бранови. Нема зошто да чекаме, ние мора ова да го прекинеме, и тоа е логиката за тие 45 дена. Суштината на таа препорака е да се подигне колективниот имунитет за целосно да се смени сликата со пандемијата, вели Филипче.

Слични содржини