Филипче: Доколку победи ВМРО-ДПМНЕ, функцијата претседател на државата ќе нема важност

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Кандидатот на СДСМ о носител во изборна единица 4, Д-р Венко Филипче, денес ја посети Струмица.

Филипче истакна дека Пендарвоски е човек кој не ги дели граѓаните, кој бил многу пати во својот мандат во Струмица и директно се сретнувал со граѓаните и тие то го препознаваат.

„Како што одминува кампањата, поддршката за Стево Пендаровски очигледно расте. Тој доминира во јавноста додека неговата против кандидатка речиси никаде да ја нема. Загрижувачки е што нејзината кампања речиси целосно ја води ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека доколку таа биде избрана за претседател ќе биде целосно под контрола на Мицкоски. Ова воопшто не е здраво за демократијата во земјата и значи ништење на финкцијата претседател. Вакво искуство имавме со претходните претседатели поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и тоа сите знаат дека не е добро за држават“ – истакна Филипче.

Слични содржини