Филипче: Допрва ќе се одлучи дали ќе има нови мерки за претстојните празници

од Andreja Salpe
339 прегледи

Допрва ќе се разговара со комисијата за заразни болести и ќе се одлучи дали ќе има нови рестриктивни мерки за претстојните верски праници, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Според министерот Филипче, за време на минатогодишните празници имало построги мерки, но суштината е во почитувањето на веќе важечките мерки.

– Ние имаме балансирани мерки, а споредувавме резултати од некои земји кои имаа построги мерки, но и покрај тоа се соочија со силен бран. Така на пример во земји од Средна Европа иако не работеа ни ресторани, ни продавници, огромен број на пациенти имаше што значи вирусот не ги поштедува ни тие земји понатаму. Оние земји кои воведоа полициски час и карантини поостроги од нашите,  откако се појави бранот повторно не дадоа резултати, а таму има препораки доколку се почитуваат нема да има проблем. Овие балансирани мерки се една умерена рестрикција, комбинирани со индивидуалната одговорност, истакна Филипче.

Слични содржини