Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека двајца анестезиолози од Градската болница „8 септември“ сакаат да си дадат отказ и да заминат во приватната болница.
„Имаше интерес за премин на доктори и медицински сестри од приватно во јавно здравство. Двајца анестезиолози дојдоа во „8 Септември“, еден сака да се врати назад и уште една докторка која работи во болницата повеќе години. Во таа смисла, нема да има недостаток од вкупниот број, но минатата недела зборуваме за замена и помош на колегите анестезиолози и ќе има дополнување за да не трпи оперативниот програм на хирушките клиники. На почетокот на кризата не знаејќи со што се соочуваме, донесовме и една Уредба за ротација на лекарите и медицинскиот персонал. Но, засега нема потреба. Во таа смисла се пријавија 4 анестезиолози, но засега треба само двајца. Не се само анестезиолозите кои се вклучени во овој систем на ротација. Колегите интернисти, посебно пулмолозите се вклучија целосно од Институтот за туберкулоза, луѓе кои имаат исксуство за белодробни заболувања и од Хематологија, правејќи специфични анализи за сите пациенти, без разлика каде се хоспитализирани. Сите се во систем на соработка“, изјави Филипче.