Филипче: Епидемијата полека спласнува, но никој не може да предвиди што ќе се случува

од Берта Китинска
228 прегледи

Во однос со бројките кои ги имаме гледаме дека епидемијата полека спласнува и апелирам граѓаните да бидат внимателни, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Дозволени се прослави на нив  ќе може да има до 100 гости на отворено да не биде повеќе од 50 посто од капацитетот на ресторанот. Епидемијата спласнува, но апелирам  граѓаните да бидат внимателни секогаш при рака да имаат заштитна маска доколку се надвор и има групирање сите треба да се свесни дека сега имаме стабилни ситуација, но никој не може да предвиди што ќе се случува, вели Филипче.

Тој најави дека се очекуваат нови вакцини 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција донација и на почетокот на јуни да пристигнат кинеските вакцини.

Слични содржини