139
„Пратениците и дел од стручните лица ќе се вакцинираат во три групи со вакцината Спутник V“, изјави декес министерот за здравство, Венко Филипче од А1 арената „Борис Трајковски“.
Тој исто така потенцира дека останати се уште 5000 дози од АстраЗенека и на тие ќе се придодадат 5000 дози од Фајзер вакцините што ги имаме, кои ќе бидат дистрибуирани.
„Добивме нова листа од Фајзер, кои секој понеделник ќе ни доставуваат меѓу 5 и 7 илјади вакцини, со што ќе стигнеме до вкупна бројка од 26 илјади вакцини во месец мај. Ќе бидат спремни сите училишни сали за вакцинација низ земјава“, извести Филипче и апелираше сите граѓани да аплицираат на сајтот за вакцинација.