Филипче: Гласачите на изборите ќе носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат

од Берта Китинска
228 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека на барање на преседателот Стево Пендаровски, Комисијата за заразни болести изработи протоколи кои ќе важат за сите граѓани и партии на денот на гласањето.

Сите партии се согласија дека е важно здравјето на граѓаните. Протоколите го предвидуваат начинот на спроведување на кампањите, сoбири. Протоколот е составен од четири дела:

Согласност генералните препораки за социјализација и комуникација потребно е одржување на сите активности со физичка дистанца, задолжително носење маска или прекривка за уста, секогаш на затворено или отворено ако не може да се одржи растојание.

При одржување на собирите мораат да се почитуваат сите овие мерки отворено и затворен простор да се користат разгласни уреди за да не се концентрираат масата на граѓани на едно место.

Одењето од врата на врата, строго да биде на дистанца да не се влегува во двор или во стан

Пултовите за рекламен материјал не треба да бидат собирни места за граѓаните

Пртискиот превоз согласност уредбата 50 отсот , каде треб да има маски и дез

На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

Гласачите мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат. Дезинфекцијата на рацете ќе биде задолжителна при влез и излез од гласачкото место.

Како што кажа министерот, можна е и препорака гласачкиот ден да се продолжи.

Слични содржини