Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот

од Берта Китинска
335 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил соопшти дека се подготвува здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот.

„Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид- центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни со ковид 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти“, напиша Филипче.

Слични содржини