Филипче: Го потпишав договорот за набавка на 200 илјади вакцини од Кина

од Берта Китинска
175 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го потпиша договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“

-Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец, напиша Филипче.

Слични содржини