Ќе се ограничи сумата која приватните болници ќе ја наплатуваат на ковид пациентите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-До Владата е поднесен е предлог за измена на законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус..Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на владата ќе го поднесеме предлог законот за здравствена заштит, рече Филипче.
Министерот соопшти дека денешната бројка на новозаразени е околу 300 лица.
-Секогаш во недела има помалку заразени лица. Утрешниот ден ќе биде репер дали тој тренд на намалување на случаевите како што беше минатата недела ќе трае, а и тоа ќе влијае и на донесувањето на нови мерки, изјави Филипче.